Вистинската магија доаѓа во втората половина на животот

Присилувајќи не да погледнеме длабоко во себе, таканаречената криза во средните години ни пружа шанса да дојдеме во контакт со себе и да откриеме што ни е навистина важно во животот. 

Во тоа време чести се соништата за смртта кои обично говорат за тоа дека нешто старо умира како би направилно место за раѓање на нешто ново. Предизвиците на надворешниот свет полека и отстапуваат место на нова димензија на животот. Кај многу луѓе помислата на стареењето буди страв од намалување на квалитетот на живот, страв од болест и смрт. 

 Благодарение на кризата во средните години имаме прилика да ги преиспитаме своите вредности и другата половина од животот да ја насочиме на она што е навистина важно. Како што галамата од надворешниот свет полека се стишува, имаме прилика повторно да станеме целосни, но на позрел, посовесен начин, како што сугерира митот за Кастор и Полукс. 

Во него значи бесмртниот брат го следи смртниот во подземниот свет, во кралството на сенките. А сенката е Јунгов поим за несвесно. Бог Хад е машки пандан на Деметра, божицата на плодноста што упатува на тоа дека нуркањето во свеста под површината на свесниот донесува плодови, богатство. 

 Психолозите велат дека втората половина од животот е иделано време токму тој скриен аспект да му дадеме шанса да се изрази. Зрелите години пружаат прекрасна шанса за учење и стекнување на нови спознанија. Алберт Ајнштајн еднаш рекол : „Немојте да остарите, без разлика колку долго ќе живеете. Секогаш однесувајте се како љубопитно дете пред големата мистерија наречена живот“. Токму тие зборови не потсетуваат дека никогаш не е доцна за учење и раст, за откривање на подрачја кои со години ги занемарувавме. 

Никогаш не е доцна за истражување на она што навистина сме и што е вистинската цел на нашиот живот. Инспиративни примери кои за тоа говорат има насекаде околу нас.