Во несреќа ѝ изгоре 50 отсто од кожата: Српската манекенка сега е бремена и ужива во животот
Преубава вест
Јована Швоња долги години важи за една од најубавите српски манекенки, а според многумина е и една од најатрактивните сопруги на српските фудбалери.
Таа веќе подолго време е во среќен брак со фудбалерот Филип Ѓорѓевиќ, а сега сите ги израдуваа со убави вести.
Јована направи кратка пауза со објави на својот Инстаграм профил, а извесно време пред тоа објавуваше стари слики.
Сега е откриено и зошто. Имено, успешната манекенка имаше ново снимање, а нејзиниот труднички стомак се гледа на последното видео кое го прикачи.
Јасно е дека Швоња веќе некое време е бремена, а Филип и таа имаат две деца - син и ќерка.
Јована имаше тешка несреќа пред неколку години. За време на снимањето на видео таа падна во топла вода и се здоби со изгореници на 50 отсто од кожата.
За среќа, после тоа успешно закрепна и денес изгледа подобро од било кога.
Извор: glossy.rs