Во обид да помогнам паднав на глава: Ранко Бубамара личен сведок на лизгалиштето во Трнодол, неколку возила судрени

Фотографии од неколку судрени возила кои се излизгале на коловозот покриен со снег накај Трнодол, објавија жители на оваа скопска населба. Подоцна во своја објава познатиот Ранко Петровиќ сопственик на Радио Бубамара објави дека е индиректен учесник на настанот - односно во обид да помогне паднал на главата и доживеал ризична повреда. Тој за лизгањето го обвини градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев кој уште пред десетина часа објави дека ги прска улиците со течност која ги штити од замрзнување. 

„Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи на градоначалник на Општина Карпош Стефан Богоев кој по цел ден пишува дека низгорниците во Трнодол и Жданец ги поминува со некаква емулзија, за вечерва да станат опасна ледена лизгалица иако цел ден му пишуваа дека се лизга и дека треба да се реагира. Целиот статус на Ранко Петровиќ, сопствени на Радио Бубамара прочитајте го на Фактор.мк

Фото: Фејснук/Ranko Petrovik