Во трите бремености добив само 10 килограми: Актерката со совети за дамите

Српската актерка Мирка Васиљeвиќ е горда мајка на три деца, а својата прва ќерка Адријана ја донесе на свет кога имаше само 20 години.

Сега се сети на тоа искуство, но и на линијата што брзо ја врати по породувањето.

- Првата бременост ми беше на 20-годишна возраст, кога сè уште бев девојче. После тоа, моето тело доби форма на жена. Се сеќавам дека добив 10 килограми во сите три бремености".

Мирка открива и како изгледа нејзината диета, што ја одржува витката форма.

- Мојот појадок е понекогаш многу квалитетно добар - така што има јајца и малку шунка на страна. Но, се грижам да не јадам леб со тоа. Ручекот е претежно месо со неколку салати или риба, јас сум некој што сака да проба сè. Вечерата навистина треба да биде апсолутно лесна - осносно кога јадете вечера, скоро да не се чувствувате како да сте ја јаделе. И најдобро би било да вечерате до седум или осум часот навечер. Или најдобро - одете на спиење порано за да не чувствувате глад, па наутро кога ќе се разбудите може да имате појак појадок - открива таа.

Сојузник на добрата линија на Мирка е и вежбањето.

- Ако не сум сигурна во исхраната или вежбањето, прво го прашувам мојот тренер. И ако не добијам задоволителен одговор од тренерот, тогаш ќе се свртам кон сопругот Вујадин, иако претежно Вујадин ги поддржува зборовите на тренерот и тогаш сфаќам дека мора да биде така- вели актерката.


Фото:: Instagram/ savicvujadin