Водителката Јелена стана мајка: Го роди своето прво дете

Добивај вести на Viber

Јелена Богојевиќ стана мајка. Шармантната водителка го роди своето прво дете. 

Таа и нејзиниот избраник Срѓан добија син. Засега на честиткитe кои Јелена ги споделува на стори на нејзиниот Инстаграм профил се‘ уште не го откриваат името на бебенцето.

Јелена пред неполн месец и официјално му кажа „ДА“ на својот сега веќе сопруг Срѓан, а убавата водителка за свеченоста носеше нежна венчаница.

Инаку, водителката на јавноста и е позната по емисијата „Магазин“ која се емитува на ТВ Сител. А во една прилика за Женски магазин таа ги откри нејзините ритуали за убавина и кои ѝ се омилени парфеми:

Од парфеми како омилени би ги издвоила La vie est belle од Lancome, Scandal од Jean Paul Gaultier, Downtown од Calvin Klein, ги сакам и оние на Victoria’s Secret, a еден од најпримамливите мириси ми е оној на бел мошус кој го сакам во секој облик – и парфем, дезодоранс, и гел за туширање и сл“.


Фото: Инстгарам

Модерна идна мама: Водителката Јелена Богојевиќ го истакнува трудничкото стомаче во пролетни комбинации