Војниците на Путин ми пукаа во глава, и останав без окото: Се прости од синовите, но животот имаше друга судбина за неа

Ирина Билоцерковец, сопруга на украински политичар кој е помошник на Виталиј Кличко, позираше за насловната страница на магазинот „Плејбој“ минатата година, откако изгуби око во напад на самиот почеток на војната во Украина.

Ирина изгуби око и имаше неколку операции по нападот на Киев. Жената која стана симбол на украинскиот отпор кога се појави на насловната страница на Плејбој во металик бикини привлече големо медиумско внимание ширум светот.


Таа продолжи да се занимава со манекенство, но носи или очила за сонце или фластер над левото око во јавноста. Лекарите кои ја оперирале по несреќата биле убедени дека нема да ја преживее 10-часовната операција во која морале да го извадат куршумот од главата.

Иако Ирина пред операцијата се збогувала со децата, убедена дека нема да преживее, успеала да преживее.

И по нападот и несреќата што ја доживеа, таа остана во Киев.



Имено, таа на 26 февруари 2022 година сакала да побегне во западна Украина, која не била погодена од конфликтот. Таа ги понела трите деца, Дејвид, Ден и Доријан. Како што објасни таа, таа вечер на улиците на главниот град било невообичаено мирно, но набрзо сѐ се промени.



„Бев во автомобилот и не ни сфатив колку е опасно кога се обидував да го напуштам Киев. Слушнав истрел зад мене, но тогаш ми беше јасно дека војниците пукаат во мојот автомобил. Секунда подоцна ме погоди куршум“, изјавила Ирина за „Сан“.

View this post on Instagram

A post shared by Iryna (@irin_lia)



Таа го запрела автомобилот, како што вели, се поздравила со децата додека се уште била при свест. За среќа веднаш била префрлена од Брза помош и следниот ден го поминала на операционата маса.


Таа вели дека нејзините деца поминале низ многу трауми со оглед на тоа што го виделе.

View this post on Instagram

A post shared by Iryna (@irin_lia)


View this post on Instagram

A post shared by Iryna (@irin_lia)


ФОТО: Инстаграм