Вознемирувачки соништа за смртта: Што ви кажува починатиот и што ако ја сонувате сопствената смрт?

За вакви соништа многумина се плашат и да зборуваат...

Смртта е составен дел од животот, но исто така и од нашите соништа. Луѓето често сонуваат како умира нивниот сосед или во сон ги посетуваат оние што починале. За ваквите соништа ретко се зборува, но тие се случуваат.

На крајот на краиштата, соништата се начинот на кој го живееме животот. А, соништата за смртта честопати се начин да се одбрани стравот од непознатото. Таквите соништа можат да се појават кога сме во средина на транзиција поради работа, развод, криза на идентитет или која било друга голема промена. Во 2020 година, сите ние поминуваме низ трансформација на некое ниво.

Општо земено, соништата за смртта се веројатно знак дека сте во период на промена, а „Mind Body Green“ открива како да го протолкувате овој вид соништа врз основа на деталите.

Ако сонувавте дека некој близок вас умира

Ова е многу вознемирувачко. Се будите прашувајќи се дали ова е реалност, а подоцна дали е претчувство или предупредување за несреќа. Тогаш е многу тешко да се биде објективен.

Но, кога ќе се случи таков сон, треба да се запрашаме колку се плашиме од загубата на тој човек. Ако одговорот е „многу“, овој сон можеби ви послужил за да ве потсети колку таа личност ви значи.

Ако сонувавте дека умирате

Може да биде и страшно, во зависност од тоа колку било реално. Тоа е многу сложен сон, а единствената личност што може да го открие значењето на сонот сте вие ​​самите. На пример, сонувавте дека умревте во водата, односно се удавивте кога паднавте во морето. Ако се чувствувавте смирени во сонот, тоа значи дека се однесува на минат живот.

Но, ако сте сонувавте дека се давите и дека се борите за воздух и дека сте очајни, тоа е лоша смрт. Потоа обидете се да запомните уште некои детали од сонот. Кое сценарио ве доведе до водата и давење? Дали некој ве турна или нешто ве повлече? Вие барате подлабоко значење во тоа, бидејќи ако некој ве дави, тоа значи дека тој е опасност за вас. Ако не, тогаш можеби ќе ве вознемируваат некои ваши навики или пороци. Важно е внимателно да размислите за сите детали и да ги поврзете со фактите.

Ако сонувавте бесмислен сон за смртта

Кога обработуваме многу емоции одеднаш - страв, тага, загуба, фрустрација, желба, копнеж, соништата често стануваат тешки јазли полни со необични сценарија. На пример, сонувате за детство и следната минута, поранешното момче, со кое раскинавте пред пет години, е до вас и ве гледа како се давите.

Кога временските рамки се мешаат, луѓето од минатото и сегашноста се во ист период и приказна, а сонот не можете да го ставите во кој било логичен редослед, тоа е само вашата психа, која го обработува она што некогаш се случило. Ако умрете во ваков сон, тоа веројатно е чист страв од промена или загуба.

Ако сонувате дека некој сакан умира на сличен случаен начин, важат истите критериуми. Ако приказната е сложена и чекорите се мешаат во времето и просторот - и особено ако веднаш се разбудите чувствувајќи се емотивно и збунето - ова не е сон во кој можете да предвидите нешто. Можеби едноставно се плашите да изгубите некого, буквално или емоционално.

Ако сонувавте некој што починал во реалниот живот

Ако сонот е збунувачки и има мешани временски рамки, па се будите тажни и збунети, веројатно само ја обработувате нивната загуба.

Ако починатиот е среќен и смирен во сон, зборува со вас или ви покажува нешто, а вие се будите чувствувајќи се смирено, тоа може да биде нивната посета. И тоа се најдобрите соништа од сите.

Имено, соништата се вообичаен начин на кој го обработуваме животот. Поголемиот дел од времето, соништата за смртта не се однесуваат на буквална смрт, туку на предизвиците и непознатите работи со кои се соочуваме. Обрнете внимание на деталите од соништата за смртта и како се чувствувате за да можете да ги протолкувате.

Извор: stil.kurir.rs