Заблеска во кратка венчаница: Се омажи најубавата македонска ракометарка (ФОТО)

Се омажи Наташта Коцевска, поранешната Македонска репрезентативка и ракометарка на Кометал Ѓорче Петров.

Ракометарката во моментов живее и работи во Германија, а таму го кажа и судбоносното „ДА“. Коцевска се омажи за нејзиниот партнер Gerrit Qfuß.

Наташа за овој специјален ден се одлучила да носи фустан во нежно розева боја. Горниот дел е целиот со чипка, а ги усогласила и бојата на високите потпетици и чантата.

Младенците зрачат од среќа.

Инаку, Коцевска има одиграно 68 настапи под знамето на татковината.


Фото: Наташа Коцевска/Фејсбук и Инстаграм профил/kocevska.natasa