Загина на сред настап: Бизарна смрт за пејачката

Добивај вести на Viber

Триесетгодишната Јоана настапуваше со групата „Супер Боливуд Оркестар“ недалеку од Мадрид, кога дошло до трагичната несреќа.

Уредот за пиротехника поставен на сцената експлодирал, а Јоана за жал била многу блиску. Останала без свест, а откако била пренесена во најблиската болница, лекарите можеле само да констатираат смрт.

Несреќата се случила во неделата за време на концертот кој го следеле повеќе од 1000 луѓе, пренесува „KlixKlix“.