Заштитува најмалку девет месеци: Се нижат одобрувањата на руската вакцина „Спутник V“

Казахстан одобри употреба на руска вакцина против корона вирусот „Спутник Ве“ (Спутник V) во нејзината земја, додека Министерството за здравство на Белорусија одобри употреба на таа вакцина кај лица над 60 години.

Директорот на Центарот „Гамалеја“, Александар Гинкбург, објави дека експериментално e докажано дека вакцината „Спутник V“ штити најмалку девет месеци.

„Во овој момент можеме експериментално да гарантираме дека ефектот на вакцината е околу девет месеци, и малку повеќе“, истакна експертот.

Тој додаде дека тој и неколкумина вработени во центарот „Гамалеја“ биле меѓу првите кои биле вакцинирани со „Спутник V“.

„Нивото на заштитни антитела ни овозможува на сите да бидеме донатори на плазма за оние кои страдаат од оваа заразна болест. Значи, нивото на антитела е многу високо“, истакна Гинкбурк.