Здравко Чолиќ наполни 69 години: Ова се малку познати факти за неговиот живот

Добивај вести на Viber

Многумина го опишаа како српскиот Том Џонс, затоа што покрај неговиот глас, Чола импресионираше и со неговиот физички изглед. 

Вчера, легендарниот Чола наполни 69 години.

Здравко Чолиќ, најголемата ѕвезда на поранешна Југославија. роден е на 30.05.1951 година во Сараево. Тој потекнува од скромно семејство, мајка Стана била домаќинка, а татко Владимир бил полицаец во Министерството за внатрешни работи. Тој има четири години помал брат Драган кој води луксузен ресторан во центарот на Белград.

Здравко Чолиќ вели дека за детството го врзуваат само убави спомени, во една прилика за српските медиуми, Чола се присети на детството и раскажа:
„ Живеевме од само една плата, платата на татко ми, но бевме многу среќно семејство. Татко ми работеше во државна служба, па не можевме да го славиме Божик на начин како што денес се слави. Но, секогаш со радост го чеквме млекарот кој од селото ни носеше млеко и божиќни подароци“.

Чола го имаше својот деби настап на натпреварот за аматерско пеење во 1967 година, а својата соло кариера ја започна кон крајот на 1970 година со песната „Sinoć nisi bila tu“.   Сепак, малку е познат за јавноста потегот за кој се реши Чола кон крајот на 1970-тите ...

Пејачот тогаш сакаше да го искористи својот талент и да ја прошири својата веќе многу успешна балканска кариера на светскиот пазар. Со оглед на тоа колку е тешко странците да го изговорат името на нашата ѕвезда, неговите продуценти решија да го направат Здравко - Дравцо.
Иако сними неколку песни на различни странски јазици, Чола се откажа од оваа намера затоа што во тој случај ќе мораше да ја напушти поранешна Југославија и да се пресели во Германија. Песната за германскиот пазар се викаше „Alles was Ich Hab“.
Кога станува збор за неговиот приватен живот, Здравко се обиде да ја задржи својата интимност колку што можеше од јавноста, а познато е за неговиот емотивен живот, само колку што тој дозволи.

Имено, се знае дека Здравко вистински сакал само три пати. Тој ја имаше својата прва долга врска од четири години со Јасна Дулиќ, балерина од групата „Локице“. Следната врска траеше седум години со манекенката од Ријека, Елизабета Видас, која покрај неговата сопруга е единствената жена која ја бакна во јавноста. Со неговата сегашна сопруга, Александра се забавуваше единаесет години, а потоа се венчаа на 1 мај 2001 година. Тие се запознале во 1989 година, Александра го привлече со нејзината едноставност. 
Интересен детаљ поврзан со нивната венчавка е што пејачот организирал сè во строга тајност. Имено, тој ги поканил пријателите и семејството наводно да одат заедно на Први Мај заедно, но наместо тоа отидоа директно на неговата свадба!  
Долго време, тој ги криеше тие детали од медиумите, обидувајќи се да ги задржи темите за кои пишуваат - поврзани само со неговите успеси во кариерата. Сепак, одредени детали од неговата приватност не можеа да останат незабележани од медиумите.

На 1 октомври истата година, ја добија ќерката, Уна Звездана, а на 10.08.2006 година се роди помлада ќерка Лара. Чола за Женски магазин изјави дека единствен проблем му е што не е строг родител. 

Чолиќ, заедно со сопругата Александра и со ќерките Уна Ѕвездана и Лара, живее во елитна населба Кошутњак каде што живеат голем број дипломати.

Иако наскоро ќе влезе во осмата деценија, тој изгледа млад и неговиот глас му служи како да е на почетокот на неговата кариера, а многу дами ќе се согласат дека тој сè уште важи за еден од најпосакуваните и најпопуларни пејачи на Балканот, додека неговите песни со задоволство ги слушаат сите генерации.

-ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО ЗДРАВКО ЧОЛИЌ: Жената е столб на куќата