Живее во автомобил повеќе од две години за да штеди, работеше две работи и немаше пари за кирија: Нејзината исповед е неверојатна!

Никита Крамп има 31 година и секојдневно објавува видеа за животот во автомобил. Пред две години решила да живее на овој начин за да заштеди пари и да избегне долгови, а по 1000 дена спиење во својот автомобил успеала да собере доволно пари за да купи комбе.

Во последниве години, живеењето во мобилни куќи станува сè попривлечно за милениумците кои претпочитаат номадски начин на живот. Сепак, Никита вели дека животот во Хонда е далеку од гламурозен. Крамп се всели во возилото во ноември 2019-тата година, откако се бореше да ја плати киријата за соба од 3.300 долари месечно во куќа што ја делеше со цимерите во Сакраменто, Калифорнија, додека работеше на две работни места.

Многумина во последните години останаа без покрив над главата, главно поради високите трошоци за живот. На пример, во јануари 2020-та година, околу половина милион Американци се соочија со бездомништво, според извештајот од 2021-ва година од Националната алијанса за ставање крај на бездомништвото.


Во нејзиниот случај, вели таа, често морала да прескокнува оброци за да ја плати киријата.

- Почнав да живеам од плата до плата и секој ден сум под стрес поради кредитната картичка или дефицитот на чековната сметка - вели таа.

Така, во ноември 2019-та година, Крамп објави на социјалните мрежи дека го известила својот сопственик и дека ќе живее во автомобил. На почетокот, Крамп рече дека немала многу следбеници, но кога отворила профил на „TikTok“ за време на COVID-19  пандемијата и почна да објавува за пречките со кои се соочува, како каде да се тушира ​​и каде да паркира, нејзината публика се зголеми.

Сега има милион следбеници, додека нејзиниот канал на „Јутјуб“ има публика од над 73.500 и содржи подолги блогови, преуредувања и видеа со упатства. Има и „Инстаграм“ каде има 122.000 следбеници. Таа рече дека од јануари 2021-ва година, почнала да заработува доволно пари за да живее како создавач на содржини со полно работно време. Крамп рече дека генерира приходи од гледање и стриминг на социјалните мрежи. Нејзините пишувања покажуваат практични начини за справување со предизвиците на животот во автомобил.

@nikitacrump I got junk in my trunk but don’t call me a junk trunk! Does anyone...know my reference?YouTube link in bio!  #iliveinmycar #tour #cartour #howto CRAFT - OFEKNIV

Таа додаде дека во зима има залиха на ќебиња за да се загрее и дека во лето обично повеќе време поминува во кафулиња или на отворено. Кога станува збор за заштеда на простор во возилото, Крамп вели дека ги користи организаторите на багаж за да ја складира облеката на подот на задното седиште и ги чува своите работи во категоризирани кутии во багажникот. Кажа и дека не морала многу да се ослободува од работи кога се вселила во автомобилот бидејќи отсекогаш била прилично скромна.

Справувањето со стигмата за живеење во автомобил е предизвик, вели Крамп, бидејќи многумина во коментарите ја прашуваат зошто не останала со семејството и пријателите. Отпрвин, вели таа, би се чувствувала премногу засрамено да каже дека не може да си ја дозволи киријата и честопати ова за неа претставува забавна работа која треба да се проба.

View this post on Instagram

A post shared by (@nikitacrump)


- Се однесував како да не се работи за пари. Дури и со зголемувањето на цените на бензинот, Крамп рече дека живеењето во автомобил е сè уште поевтино од изнајмувањето. Секој треба да заработи доволно пари за да живее нормално. Не треба да си го трошите животот обидувајќи се да преживеете, рече Крамп, додавајќи дека смета дека здравата храна треба да биде подостапна за луѓето со ниски примања. Без кујна, нејзината исхрана претежно се состои од нерасипливи производи, сендвичи со путер од кикирики и мед, или какви било здрави оброци за брза храна што може да си ги дозволи.

Неодамна купи комбе за да го претвори во дом бидејќи можеше да заштеди пари живеејќи во автомобил. Засега таа продолжува да живее во Хондата додека работи на реновирање. Крамп рече дека повеќе би сакала да живее во подвижен дом отколку да потпише договор за закуп, пренесува „Insider“.


- Ме плаши помислата да потпишам договор за закуп или нешто слично - рече таа и додаде:

- Малку сум истрауматизирана поради стресот предизвикан од киријата. Влегувањето во автомобил ми донесе толку многу одржливост и радост. Мојот живот целосно се промени.

Извор: kurir.rs/Insider