Животна лекција на Андрија Милошевиќ: По овие зборови ќе си го преиспитате животот

- Живеј како човек, умри како човек - рече тој

Актерот Андрија Милошевиќ важи за миленик на народот, па неговите зборови се слушаат надалеку, а тој тоа го искористи за да сподели совет.

Имено, актерот се осврна на напорниот живот, како и на тоа колку е лесно да се изгубите во него, а со тоа да се наруши вредносниот систем.

- Зошто се нервираш брат? И така, сите ќе умреме, живеј човечки, најдобро што можеш. Важно е твоите да се здрави, ти да си здрав - рече тој, па додаде:

- Пари, пари, пари, само пари. Дајте ми што повеќе пари, за да се види дека имам пари, дека другите немаат, а јас имам. И што ќе ти се? Не можеш да потрошиш повеќе отколку што ти дал Господ, да ги носиш во гроб не ти значи ништо. Ако имаш малку повеќе, помогни некому, и живеј како човек. И онака, ќе умреш. Живеј како човек, умри како човек.

Во продолжение погледнете го видеото:



Фото и Видео: ТикТок