Знаев дека имам рак уште пред лекарите: Нада Обриќ за битката со болеста
Пејачката Нада Обриќ една од оние јавни личности секогаш отворено зборува за своите здравствени проблеми. Српската фолк-пејачка имала карцином на матката во поодмината фаза во 1999 година, а во 2003 година малигна бенка на кожата. Интересно е што Обриќ вели дека пред првата операција имала претчуство дека е болна.
„ Самата знаев дека имам рак, уште пред лекарите. Бев здрава како дрен, тренирав, имав плочки на стомакот. Една година пред операцијата, една докторка беше во мојот козметички салон на третман, и буквално ме зема за рака и ме однесе да ми ги направат сите потребни испитувања. Тогаш, ми рече дека имам здравје како на млада девојка. Една година потоа, се случи нешто страшно. Интуитивно почувствував дека нешто не е во ред, затоа што во 1999 година беше бомбардирањето во Србија. Во екот на најголемото бомбардирање, скокнав и сакав да отидам во салон за мебел да купам две фотељи, ако случано се разболам и ако некој ми дојде во посета да има каде да седне. Отидов на настап во Германија, и повторно некое претчувство, си купив три пара пижами. Ако се разболам, во болница ми е попрактично да носам свои, си помислив тогаш. Тогаш сфатов дека не сум добра, и заминав на лекар. Тоа беше понеделник. Во среда, ми се јави лекарот кој ми е близок пријател, а јас му велам: Знам дека имам рак. Тој изненаден ми рече: „Кој ти јави“?“, искрена е пејачката.
Таа открива дека имала тешка борба со самата себе, но среќна е што болеста сега е зад неа.
„Пред да почнат да ме оприрараат, ми застанало срцето. Ја одложиле операцијата за да ме реанимираат, па подоцна започнале. Сѐ што сакав да постигнам во животот, постигнав одејќи го трнливиот пат“, додала пејачката за порталот „Блиц“.