Ѝ ги ампутирале нозете кога била бебе: Мајка ѝ ја напуштила, а 20 години подоцна дознала дека е многу позната
Инспиративна приказна
Во 2012 година, целиот свет зборуваше за Џесика Лонг, 20-годишна девојка која освои 5 златни и два сребрени медали на Параолимписките игри во тоа време.
Сепак, Џесика преживеала пекол како дете. Родена е во Русија, во Сибир. Родителите и го дале името Татјана, но не и дом. Родена е со ретко пореметување, и недостасувале делови од нозете. Лекарите рекле дека е скоро невозможно таа некогаш да оди.
Нејзините родители ја дале на посвојување, а првата година од животот ја поминала во дом за напуштени деца.
Американската двојка Бет и Стивен Лонг ја пронашле Татјана и отишле во далечниот Сибир да ја посвојат. Ја однеле во САД, во градот Балтимор и и го дале името Џесика. Таму, кога имала 18 месеци и биле ампутирани делови од нозете и ја научиле да оди со протези.
19 години подоцна, Џесика сакала да дознае повеќе за нејзините биолошки родители. Стапила во контакт со руските власти и открила дека нејзините родители се живи.
Биолошката мајка на Џесика останала шокирана кога дознала што и се случило. Во 2013 година тие се сретнале.
Џесика тогаш, и покрај сè, изјави дека ја сака нејзината мајка.
Во кариерата што сè уште трае, Џесика освои над 60 медали и собори светски рекорди во пливање. Родена е на 29 февруари 1992 година.
Фото: Youtube/screenshoot/VOANews
Видео: Youtube/VOA News
Можеби ќе ве интересира:
14 години чекавме точна дијагноза: Гордана за семејната голгота со ретката болест - Алпорт синдром