Ја остави за нејзино добро, поради него таа не присуствуваше на премиерата на „Титаник“: Болната љубовна приказна на Кејт Винслет ќе ве разочара

фото:PROFIMEDIA

Во моментот кој беше клучен во нејзината кариера и ѝ ветуваше неизбежен вртоглав успех, Кејт Винслет не прошета на црвениот тепих. Таа беше илјадници километри оддалечена, скршена и сама.

Британската актерка Кејт Винслет денес е една од најпочитуваните во овој бизнис, а вртоглав успех доживеа во 1997 година, кога излезе нејзиниот најпознат филм до сега – „Титаник“ на Џејмс Камерон. Сепак, таа 1997 година за неа беше година на болка и тага, колку и гордост и радост. Малку е познато дека Кејт не присуствуваше на премиерата на „Титаник“, а причината е трагедијата која на некој начин го одбележа нејзиниот живот.

Кејт Винслет зачекори во светот на глумата на многу млада возраст, бидејќи нејзиниот татко Роџер бил актер. Немал голем успех и често морал да работи и други работи за да го прехрани семејството, но ќерките ги „заразил“ со глума, па Кејт и нејзините сестри Ана и Бет денес се актерки. Затоа не е чудно што првите театарски улоги ги снимила уште во средно училиште, а на телевизија дебитирала во 1991 година, кога имала 15 години. Следувале голем број улоги, како во театарот така и на телевизија, и филм. Веќе на снимањето на нејзиниот прв ТВ проект - научно-фантастичната серија „Темна сезона“ - таа влезе во својата прва сериозна врска, која денес би се сметала за контроверзна. Имено, таа се заљубила во актерот и сценарист Стивен Тредре, кој тогаш имал 27 години, а набрзо започнале и врска.

Тие поминале четири и пол години заедно пред да раскинат среде битката на Стивен со ракот на коските. Како што подоцна беше откриено, Тредре инсистирал на раскинување, бидејќи не сакал Кејт да се грижи за него и да ја запостави кариерата поради него.

За тоа проговори и самата актерка која истакна дека таа е виновна што се се случило така.

- Стивен ме пушти, тоа беше чин на љубов. Гледајќи наназад, посакувам да не го направеше тоа. Посакувам да бев со него. До крајниот ужасен ден. Неги го нема толку долго, а јас сè уште мислам на сите тие моменти. Зборувам за Стивен како сè уште да го сакам. Но вистина е, го сакам. Се надевам дека ќе го сакам засекогаш – изјави актерката во едно интервју.

Тредре се откажа од најголемата поддршка во својот живот заради неа и заради нејзината кариера, но не доживеа да го види најголемиот успех на Кејт. Тој почина во декември 1997 година, непосредно пред светската премиера на „Титаник“ во Лос Анџелес, а Кејт не присуствуваше на премиерата, круната на нејзината досегашна кариера, за да оди на неговиот погреб во Англија.

– Луѓето ми кажуваа работи како „Види, разбираме, мора да ти е тешко, но зарем Стивен не би сакал да отидеш? – се присети Кејт во една прилика.
- Не, не би сакал. Стивен би сакал да одам на неговиот погреб, да бидам таму.

Така, неочекуваниот успех за Кејт Винслет дојде во најтешкиот момент во нејзиниот живот, а таа подоцна истакна дека дури денес како зрела жена сфаќа колку тој ѝ бил важен.

- Кога ќе се сетам, сфаќам низ што навистина поминав кога излезе „Титаник“. Ме болеше, бев збунета која сум - изјави актерката.
- Тој беше најважната личност во мојот живот покрај моето семејство.

Како што истакна, Тредре го запознала уште како дете, кога била крајно несигурна и осамена.

- Бев многу срамежлив. Бев ранлива... Други девојки ме задеваа. Бев цел на злоупотреба од врсници. Само ја спуштав главата и ги пуштав, тоа беше мојот начин да преживеам. Стивен ме натера да се чувствувам безбедно и прифатена - се присети Кејт.

Својата следна голема љубов ја пронашла дури години подоцна, во режисерот Сем Мендез. По краткиот брак со режисерот Џим Треплтон, таа го запознала неговиот колега Мендез, кој и понудил улога, која таа ја одбила, но ја прифатила неговата покана да излезе. Таа веднаш се заљубила во него, а парот се венча во 2003 година. Имаа едно дете, но се разделија во 2010 година, по гласините дека режисерот ја изневерил со Ребека Хол.

Од 2012 година, таа е во брак со Едвард Абел Смит, братучед на богаташот Ричард Бренсон, со кого има еден син и живее во село во Сасекс. Таа е посветена на семејниот живот и признава дека прифаќа само улоги кои премногу не ја оддалечуваат од дома, а себеси се опишува како само уште една мајка која со нетрпение очекува да спакува ужина за детето за на училиште.

извор:GLOSSY