1 ТВ престана да емитува програма, се огласи и Кабранов

Телевизијата на првоoсомничениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски, престана да емитува програма. 1ТВ се соочува и со одземање на дозволата, доколку не го  продолжи емитувањето во наредните 30 дена.

Вработените во медиумот кон крајот на јули заминаа на колективен одмор откако Јовановски беше уапсен, но по кратко време се вратија во обид да ја спасат телевизијата. Неофицијално, големите долгови и неможноста да се покријат дури ни режиските трошоци се причината медиумот да престане да емитува програма.

Кабловската телевизија 1ТВ, чиј челник и неформален сопственик е Боки13, а формална фирма БЈМ медиа група на неговиот татко Миле и Јасна Мандиќ, почна да работи во март 2018. Бојан во едно интервју објасни дека е вистински сопственик, но дека медиумот се води на неговиот татко, бидејќи неговата сметка е блокирана поради судска пресуда.

Вчера во јавноста се огласи и новинарот Ацо Кабранов кој беше главен и одговорен уредник на медиумот. Кабранов одлучи јавно на неговиот фејсбук-профил да одговори на прозивките од една телевизија која, според него, се обидува да го компромитира како алчен платеник.