4 години Женски магазин: Жената на пиедестал, местото на кое секогаш е и ќе биде!!!

Мотивот е тој: Да одиме напред и да ви пренесеме дел од секојдневието, страдањата на луѓето, нивните голготи, среќа, радост, насмевки, нови видици, нови модни случувањата, колумни, пулсот на нашите и светските ѕвезди... 

Да ви пренесеме и совети од реномирани личности кои можат во одреден момент да ни помогнат да го живееме животот со полни гради... 

Да ја ставиме жената на пиедестал, местото на кое секогаш е и ќе биде!!! 

 Ние тоа не го правиме за кликови, туку секоја статија со мерак ја работиме. Нам ни е драго ако се идентификувате со нечија напишана приказна зошто пак на тој начин не сте сами во она што го преживувате или живеете. 

Четри години не се мал период. Ние сме тим кој со своето знаење, залагање, остроумност и професионалност секој ден сме со вас. Не е поентата да ви се умилкуваме, туку да стекнеме меѓусебна доверба која сметаме дека низ годините веќе се создаде. 

Ја славиме жената, семејството, победата над насилството и правото на избор, а ветуваме дека и во наредните 4 години Женски магазин ќе биде местото со кое со задоволство ќе го испиете своето кафе и ќе прочитате добри статии. 


 Ви благодариме на довербата, тимот на Женски магазин