5 must have шминки од dm, со секогаш поволни цени до 500 денари, кои оваа есен мора да ги имате!

Секој од нас знае дека шминката може да биде магична. Но, што ако ви кажеме дека постојат производи кои не само што ќе ви го дадат тој посакуван изглед, туку и нема да го оптеретат вашиот буџет? Еве ги нашите пет омилени производи кои секоја жена треба да ги има во својот makeup несесер!

trend !t up коректор
Секогаш поволна цена: 179 денари
Никогаш не ја потценувајте  моќта на добриот коректор! trend !t up коректорот е вашиот најдобар пријател кога станува збор за прикривање на дамки, подочници и црвенило. Со долготраен ефект до 9 часа, овој коректор лесно се нанесува и блендира, оставајќи ви мат финиш. Сега можете да бидете сигурни дека вашето лице ќе изгледа беспрекорно цел ден!

wet n wild палета сенки за очи
Секогаш поволна цена: 415 денари
Време е да ги ослободите вашите креативни способности! wet n wild палетата сенки е ултра пигментирана и долготрајна, што ви овозможува да создадете уникатни изгледи кои остануваат беспрекорни. Со свиленска текстура, овие сенки се дизајнирани за лесно и рамномерно нанесување. Без разлика дали сакате нежни или драматични изгледи, оваа палета е вашиот идеален сојузник.

alverde XXL маскара
Секогаш поволна цена: 149 денариМоќта на природната козметика! alverde XXL маскарата со нејзината огромна четка со меки влакна овозможува совршено нанесување на маскарата без создавање грутки. Витаминизирана со фитоколаген и екстракт од бамбус, оваа маскара гарантира волуминозни трепки. Подгответе се за погледи кои ќе освојат!

Maybelline Plump LipglossСекогаш поволна цена: 455 денариПочувствувајте ја магијата на полните усни! Maybelline Plump не само што ќе ви даде интензивен сјај, туку и ќе ги измазни ситните брчки околу усните. Формулата збогатена со екстракт од чили, создава волумен, а со XL апликаторот, нанесувањето е лесно и брзо.

Aura фиксатор
Секогаш поволна цена: 229 денари
Завршете го вашиот изглед со Aura 2 во 1 Fix and Mist фиксаторот! Овој производ не само што ја фиксира вашата шминка, туку и го хидрира лицето, оставајќи го свежо и сјајно. Можете да го користите и само за освежување на тенот во текот на денот. Со Aura, вашата шминка ќе биде отпорна на топлина и влага до осум часа!

Сите овие производи не само што се поволни, туку и ќе ви помогнат да се чувствувате и изгледате прекрасно. Посетете ја најблиската dm дрогерија и изберете го омилениот производ, бидејќи ќе пронајдете повеќе од 1.500 шминки со секогаш поволни цени!


*Пр објава