Накитот на Chapter 3 – совршен хајлајт на модното доживување на „Shtip Fashion Days“
Модно дружење, во друштво на истакнати имиња од модната индустрија, но и бројни претставнички и претставници на бизнис-секторот, Chapter03 пригодно ги представи своите нови колекции, комплетирајќи ги креациите на брендовите „MNML“ и „Nana Attire“, и здружението „Гласен текстилец“ во рамки на првото издание на „Shtip Fashion Days“.
Добропознатата Rebecca, доминираше на сцената со впечатливиот самоуверен израз на колекцијата Stockholm, изработена од бронза и 24-каратна позлата со кристали и одржлив полимер, која ја претставува вистинската ДНК на брендот. Модел на дизајнерот Катерина Тошкова под менторство на Марија Трајковска за „Гласен Текстилец“.
Колекцијата DIVA пак, ги покори стереотипите на модните жанрови, со парчиња накит кои совршено се вклупуваат и во елегантен и во секојдневен стил. Модел на Снежана Ефковска, под менторството на Никола Булески за „Гласен Текстилец„ (десно) и Антонија Гугинска Јорданоска „Milkbrides“ (лево).
Култната колекција Galactica од италијанскиот бренд Rue Des Mille, повторно крадеше воздишки низ безвременскиот шарм на своите бисери и кристали.
Непокорливите UALI обетки на Valentina Ferragni, блеснаа во истиот сјај како и на црвените теписи на познатите модни европски недели и филмски фестивали. Модел на „MNML by Nana“.
Асортиманот на Chapter 03 вклучува италијански накит наменет за дами кои се своевидни стилски икони, со уникатен вкус во модата, нагласена самодоверба, индивидуалност и посебна експресија на стилот!
Фото: Филип
Вирановски, Александар Ефремов