Ал Пачино е во врска со 58 години помлада девојка: Нур претходно се забавувала и со Мик Џегер и Клинт Иствуд (ФОТО)

фото:profimedia

Чудно ни е да видиме маж во осумдесеттите на состанок со девојка од 28 години. Но, очигледно во Холивуд тоа е нормално.

Ал Пачино (81) не се откажува од љубовта. Неодамна беше виден во друштво на ТВ продуцентката Нур Алфалах (28). Тие биле на вечера, а странските медиуми јавуваат дека се работи за љубовна врска.

Ал Пачино беше облечен во црно од глава до пети, додека Нур носеше кожна јакна и црни панталони. Двојката заедно отишла во непознат правец.

фото:Profimedia

Оваа приказна е уште поинтересна ако се земе предвид дека Нур била во врска со Мик Џегер и Клинт Иствуд.

„Срцето не прашува за години, срцето само знае што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и бев многу среќна", изјавила Нур во една прилика, опишувајќи ја врската со Џегер.



извор:stil.kurir