Албанката која моментално владее со светот од сенка - не ни сфаќате колку е моќна

Мира Мурати (34) е вистинска ѕвезда на истражувачката лабораторија за вештачка интелигенција OpenAI. Таа е еден од водечките технолошки мозоци во тој стартап, кој стои зад ChatGPT.

Таа е родена во Албанија, иако на интернет може да се најдат информации дека има индиско потекло. Ја започнала својата кариера во светот на инвестициското банкарство. Ветеран на Tesla, каде што беше задолжена за развој на Model X, и е со OpenAI од 2018 година. Додека светот се плаши за вештачката интелигенција и дебатира за нејзините добрите и лошите страни, Мира и нејзиниот тим се фокусирани на подобрување на OpenAI производите. На крајот на краиштата, милијарди долари се потпираат на успехот на нивната технологија, која можеби е најзначајната во Силиконската долина од iPhone-от.

View this post on Instagram

A post shared by Marie Claire Brasil (@marieclairebr)


Технологијата на вештачката интелигенција веројатно ќе потрае некое време за да се усоврши. Во меѓувреме, еве неколку работи што треба да ги знаете за Мира Мурати.

Нејзиниот интерес за вештачката интелигенција започна уште во 2013 година, кога се приклучи на Тесла. Во тоа време, компанијата правеше рани верзии на Autopilot, нејзиниот софтвер за помош на возачот со вештачка интелигенција и работеше на роботи со вештачка интелигенција за фабриките. Тоа ја натера да размисли за други апликации од реалниот свет.

Се пресели во Leap Motion во 2016 година, каде што се надеваше дека ќе ја направи интеракцијата со компјутерот „интуитивна како играњето топка“, но наскоро сфати дека технологијата базирана на VR не е ни приближно подготвена за масовна публика.

Додека Мурати размислуваше за нејзиниот следен потег, дојде до заклучок дека „големиот напредок во технологијата“ ќе треба да игра улога во решавањето на најголемите предизвици во светот. Ова доведе да се приклучи на OpenAI во 2018 година и да го надгледува ширењето на Dall-E и ChatGPT.


Додека Google во голема мера го чуваше своето истражување за вештачка интелигенција во лабораторија, OpenAI е широко достапен. Мурати смета дека чувањето на лабораториските податоци во тајност само би предизвикало уште поголем шок во јавноста и дека истата јавност треба да се вклучи во разговорот за работата на вештачката интелигенција.

View this post on Instagram

A post shared by Carl-Henrik Monrad-Aas (@explorio)


Приватно, не се знае многу за Мира. Таа откри дека и се допаѓа песната Paranoid Android од бендот Raidohead, книгата Devin's Elegy од Рајнер Мари Рилке и филмот 2001: A Space Odyssey.

Извор: Задовољна.рс

Фото: Јутуб- принтскрин