Ана со својата сестра исчезна пред 30 години: Мајка им почина, а потоа е откриена шокантна вистина а

Двете сестри од Канада исчезнаа пред 30 години, а сега се пронајдени живи во Америка. Случајот со Канаѓанките го заинтригира целиот свет и сега се случи нешто неочекувано. Имено, тие тврдат дека немаат поим дека сите овие години биле наведени како исчезнати лица.

Ана Хазе сега има 71 година, а нејзината сестра Ким има 57. Нивната мајка последен пат ги видела во Едмонтон, Канада, во 1981 година. Нивното исчезнување го пријавила во 2003 година, но никогаш не било откриено зошто чекала толку долго. Мајката починала пред осум години, па никогаш не открила што се случило со нејзините деца.

Ким, која сега користи поинакво име, и рекла на полицијата дека не знаела дека таа и нејзината сестра се водат како исчезнати. Таа додаде дека побегнале од своите животи во Канада и сега ја сакаат својата приватност.

Во еден момент од истрагата, полицијата дури помислила дека сестрите биле жртви на серискиот убиец Роберт Пиктон, кој убил неколку жени во средината на 90-тите и ги закопал на неговата фарма. Сепак, ДНК-анализата утврдила дека овие сестри не биле меѓу неговите жртви.

Во 2012 година, на истражителите им беше дадена една трага. Полицијата пронашла една жена со име Ана Хазе во Ванкувер, но таа не била од исчезнатите сестри. Таа жена чувала извадок од еден весник во 1984 година за жена именувана исто како неа. Таа го зачувала написот заради исто име и кмигата со истиот потпис бидејќи и бил забавен. Полицијата тогаш сфати дека авторот на неколкуте книги користел различни имиња, вклучувајќи ги Ана и Ким Хазе.

Сестрите користеа многу лажни имиња откако излегоа од дома. На крајот тие дојдоа во САД.

Потоа, во весникот се појави друга приказна за авторот на книгата, овој пат со фотографија. Истрагата откри дека жената на фотографијата има и сестра. Отпечатоците на прсти конечно потврдија дека станува збор за Ана и Ким.

Во времето кога исчезнале, Ана, која во тоа време имала 43 години, била во лоши односи со семејството и имала финансиски потешкотии. Иако Ким добро се сложуваше со семејството, таа замина со својата сестра. Во тоа време имала 29 години. Од полицијата велат дека биле неразделни. 

Извор: Објектив.рс