Анџелина Џоли предаде документи во судот за семејно насилство: Децата ќе бидат сведоци

Добивај вести на Viber

Анџелина Џоли до судот достави документи во кои се споменува семејно насилство во кое беше вмешан Бред Пит.

Документите доставени минатиот петок сугерираат дека актерката и нејзините деца се подготвени да дадат докази за тврдењето. Џоли се согласи да сведочи, а и нејзините малолетни деца се согласни да го сторат истото, пишува американски магазин, што значи дека нивните шест деца ќе можат да го дадат своето сведочење на суд.

Извор близок до Пит тврди дека предавањето на новите документи не е ништо друго освен обид да му наштети на актерот. 

„Во последните четири и пол години имаше многу тврдења на Анџелина кои се неосновани“, тврди изворот. „И претходно ги користеше децата за да му наштети на Бред“.

Да потсетиме, Анџелина и Бред се вљубија на снимањето на филмот Господин и госпоѓа Смит во 2004 година, додека тој сè уште беше во врска со Џенифер Анистон. Тие се венчаа во 2014 година, по десет години врска, а веќе во 2016 година се разделија. Нивната постапка за развод се уште трае и главно се води околу старателството над децата. Се чини дека сите ги сакаат само за себе, а во моментов ги делат, што наводно не е проблем затоа што живеат само на еден километар едни од други.

Фото: Инстаграм

Може да ве интересира:

На светот му требаат многу повеќе вештерки: Анџелина Џоли без двоумење