Анксиозноста е одвратна состојба: Славица Чуктераш за проблемот за кој не се зборува доволно

Добивај вести на Viber

Познатата српска пејачка никогаш не криела дека се бори против овој проблем, но тој остана незабележан во време кога анксиозноста беше табу тема во нашето општество.

Пејачката Славица Чуктераш никогаш не криела за борбата со анксиозноста и истакнува дека се' повеќе луѓе ја прашуваат за совет.

- Јас прв пат го спомнав тоа пред десет години во една емисија, но помина незабележано, тогаш беше табу-тема, како што јас би ја нарекла. Меѓутоа, кога дојде во прашање мојот развод, луѓето почнаа да пишуваат за тоа. Почнав да добивам многу пораки на Инстаграм... Ме прашуваа кому да се обратам, ми пишуваа дека живеат во страв... - изјави пејачката во шоуто 150 минути.

- Анксиозноста е одвратна состојба. Но, не се плашам. Јас можам да ја препознаам таа состојба, кога сака да ме фати, веќе знам како да се спротиставам... Јас го продолжив мојот живот, анксиозноста не може да го обликува мојот живот и работа на кој било начин - таа е искрена.

Објасни дека нејзината состојба влијаела врз неа со тоа што ја спречила да работи нормално.

- Ако успеав да се справам со работата и со сето тоа... Нема да лажеме, бегав од настапи, се плашев од она што може да се случи, се плашев од смртта... Штом можам да се справам со ова, повеќе не се плашам од ништо - истакнува таа.

извор:GLOSSY

Поврзани вести:
Прв пат по разводот: Славица Чуктераш отворено за нејзиниот поранешен маж