„Астра Зенека“ наскоро ќе започне со тестирање на вакцината против ковид-19 врз деца

Вакцината ќе се тестира на деца на возраст од 6 до 17 години

Вакцината на Астра Зенека против коронавирус ќе се тестира на деца на возраст од 6 до 17 години. 300 волонтери ќе учествуваат во истражувањето.

„Иако повеќето деца немаат сериозна клиничка слика на ковид-19, важно е да се утврди безбедноста и имунолошкиот одговор на вакцината кај деца и млади, бидејќи некои деца може да имаат корист од вакцинацијата“, рече Андре Полард, раководител на тестирањето на вакцината.

„Овие нови тестови ќе го прошират нашето разбирање за влијанието на коронавирусот врз помладите возрасни групи“, додаде Полард.

Првите вакцинации во рамките на испитувањето ќе се одржат овој месец, 240 деца ќе примат вакцина против ковид-19, а останатите ќе добијат контролен убод против менингитис.

- Сосема е можно да имаме неколку лиценцирани вакцини против корона вирусот за деца до крајот на годината - изјави за ITV News професорот Џонатан Ван-Там.


Можеби ќе ве интересира:

Штити и од британскиот сој на корона вирус: Една вакцина е ефикасна во борбата против мутациите на ковид-19