Бакнувајќи ѝ го стомачето на сопругата, 53-годишниот диџеј Тиесто откри дека повторно ќе станат родители: Уште едно бебе со љубовта на мојот живот

Популарниот диџеј Тиесто чека уште едно дете со љубовта не неговиот живот, а радосната вест ја открија заеднички, на црвениот тепих на Греми наградите.

Бакнувајќи ѝ го стомачето на сопругата, 53-годишниот диџеј Тиесто откри дека повторно ќе станат родители.

Холандскиот креатор на некои од најголемите хитови на електронската музика, објави дека тој и неговата сопруга Аника Бакс го очекуваат своето второ дете. Двојката веќе ја има 16-месечната ќерка Виола Маргреит.

„Уште едно бебе со љубовта на мојот живот“, напиша 53-годишниот диџеј на Инстаграм заедно со неколку фотографии од Греми наградите и видео како ѝ го бакнува стомачето на сопругата.

Неговото вистинско име е Тис Мишиел Вервест, а судбоносното „ДА“ го кажаа со неговата Аника во септември 2019 година. Во ноември 2020 година, со емотивна објава, откри дека станале родители.


„Поздравете ја мојата ќерка Виола Маргрит Вервест. Таа ми дава чувства за кои не знаев дека постојат во мене. А нејзината мајка е вистински шампион. Како можеш да бидеш толку убава откако штотуку се породи", напиша тогаш.




извор:index.hr