Бараше да му ги покажам градите: Џенифер Лопез била сексуално малтретирана

Пејачката и актерка Џенифер Лопез (50) денес е топ-тема во светските медиуми откако за магазинот Hollywood Reporter откри дека и таа била жртва на сексуално малтретирање. Славната Џеј Ло имала непријатна средба со режисер на филм во кој играла чиј идентитет не го открива, кога тој побарал од неа да се соблече.

- Бараше да му ги покажам градите. Му реков дека не сме на сет и категорично го одбив. Настапив агресивно, иако сега ми е смешно кога ќе се сетам дека во тие моменти многу се испаничив - раскажува Џенифер.

Интересно е што во просторијата не била сама со режисерот.

- Ми се обрати пред друга жена. Со нас во собата беше и костимографката. Реков НЕ. За среќа, растењето во Бронкс ми беше добра лекција како да реагирам во вакви ситуации - објаснува Лопез.

Кога видел дека поставила јасни правила на игра, режисерот подоцна ѝ се извинил.