Базени, лифт, клавир на балкон...Вака изгледа вилата на Карлеуша од 2,5 милиони евра (ВИДЕО-ФОТО)

Велат дека секогаш е најубаво дома, а кога таа куќа личи на онаа во која живее пејачката Јелена Карлеуша, нема сомнение дека уживањето е загарантирано.

Оваа зграда ја купи сопругот на Јелена, Душко Тошиќ, во 2018 година, а некогаш му припаѓаше на Драган Стојковиќ Пикси. Вилата, чии делови Јелена повремено им ги покажува на своите обожаватели, преку социјалната мрежа Инстаграм, се наоѓа на Дедиње, во близина на поранешниот дом на семејството Тошиќ-Карлеуша.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)



Освен што е опкружен со високи sидови и зеленило, она што дополнително го нагласува се внатрешниот и надворешниот базен, 5 бањи, голем број соби (ќерките Атина и Ника секоја имаат своја соба), како и лифтот во кој сака Карлеуша да слика.



Се разбира, ниту една куќа од оваа големина не би била комплетна без гардероба, и како што неодамна откри, Карлеуша има повеќе соби кои ја играат таа улога. Всушност, таа еднаш рече дека целата нејзина куќа е гардеробер.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)



Детаљ кој отсекогаш привлекуваше внимание е големото бело пијано кое се наоѓа на нејзината тераса, но и фактот дека пејачката сака да има бои внатре во куќата. Како што можете да видите на нејзините фотографии, некои од sидовите се дури и зелени, а внатрешноста е изработена со стил и многу детали.

Еве како изгледа сето тоа: