Беше една од најпосакуваните жени на Балканот: Ја уништи поранешниот сопруг, а денес живее од социјална помош
Пејачката
Селма Бајрами важеше за една од најголемите музички sвезди во текот на првата
декада на овој век. Покрај тоа, многу мажи воздивнуваа по неа поради нејзините
огнени облини и заводливи настапи.
Нејзините хитови „Какво тело Селма има“, „Острово туѓе“, „Тело уз тело“ и денес се пеат, но популарноста и избледе.
Во меѓувреме и се случија приватни проблеми, поради што не можеше да и се посвети на својата кариера и да остане на тронот. Имено, Селма се омажи за Мујо Музиќ, со кого го доби синот Дарис, а поради проблеми во бракот во 2014 година, таа реши да се разведе.
Тогаш започнува нејзиниот пекол со поранешниот сопруг, кој продолжува и денес, и кој, како што изјави таа во една прилика, психички ја уништил.
Отпрвин, тој не сакал лесно да се разведе од неа, а се бореа и за старателството над детето. Сепак, во 2016 година тие конечно се разведоа, и договорија заедничко старателство. Сепак, проблемите со нејзиниот поранешен сопруг продолжија.
„Само сакам да се тргне од мене. Пред некој ден, социјалната служба повторно дојде пред мојата врата. Тој нон-стоп нешто измислува, дека јас го оставам детето, дека го занемарувам… Кога сум на настап, тој е во сигурни раце, мајка ми се грижи за него. Аплицирав во агенција за заштита на жени, бидејќи веќе не знам како да се бранам од него, постојано ме влечат низ судовите заради неговите неосновани тужби, тој постојано ми праќа социјални работници, веќе не можам да го толерирам тоа. Навистина е пекол, но вие не можете да го видите тоа на мене, јас секогаш сум насмеана и само туркам напред. Само ќе им докажам на моите непријатели дека можам да се справам со сите неволји, успехот е нивна најголема казна“, се пожали пејачката во признанието што го даде за„ Блиц “во 2018 година, која живееше во Австрија со синот во последните неколку години.
Минатата година се појави шок информација дека Селма живее од социјална помош. Како што напиша „Курир“, Селма нема постојан приход во Австрија, па од 2019 година станала корисник на социјална помош што им се доделува на самохрани родители во таа земја. Како што се наведува, оваа социјална помош не е голема, но пејачката не се жали.
Селма денес има 40 години и сè уште изгледа како авион, што можете да го видите на фотографиите.
Фото: Инстаграм/selmabajramstar
Можеби ќе ве интересира:
Селма Хаек со неочекувано признание: Холивудската актерка прозборе за интимноста со Антонио Бандерас