Без да знаат, стерилизирани стотина жени во породилните сали: Чешка потфрли

Во светот се случуваат работи за кои воопшто не се знае. Нешта кои се монструозни, кои уништуваат животи...

Чешкиот законодавен дом разгледува нов предлог за исплата на обештетување на стотици или дури илјадници жени кои биле стерилизирани без нивно одобрување.

Повеќето постапки беа водени во 70-тите и 80-тите години од минатиот век, а повеќето жени беа дел од националното ромско малцинство.

Тие сега се надеваат дека ќе бидат близу до победата во долготрајната борба за финансиски надомест, пишува Би-Би-Си.

- Кога дојдов тука пред 30 години, бев среќена затоа што очекував бебе. Не можев да замислам дека вакво нешто ќе ми се случи, дека никогаш повеќе нема да можам да имам деца, вели Елена Горолова (52).


Таа беше стерилизирана во 90-тите години на минатиот век во поранешна Чехословачка.

Илјадници жени беа стерилизирани без нивно знаење, според податоците на чешкиот заштитник на граѓаните.

- Дојдоа медицинските сестри, имаа некои документи, што ги потпишав. Имав втор царски рез, додека ми го правеа тоа, ме стерилизираа. Поради тоа имав силна болка, можев да потпишам што било, додаде таа.


Извор: BBC