Без грам шминка, и на море е атрактивна: Вака Андријана Петрушовска се релаксира на плажа

По турбулентните настапи од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ каде го освои деветото место дојде време за одмор.  

Атрактивната скопјанка Андријана Петрушовска која остави впечаток кај публиката со изгледот и посебноста во облекувањето, деновиве зема здив од музиката на море.


Андријана позирајќи на лежалка без грам шминка на себе, покажа дека дошло време за нејзиниот одмор.


Во приказните кои ги сподели на Инстаграм , Андријана покажа како и минуваат деновите летово, а очигледно е дека ужива да чита. Таа се едуцира од „Неограничена моќ“ и Тони Робинс кој преку своите  книги, програми и семинари им докажал на милиони луѓе дека жнеејќи ги плодовите на умот, можете да правите, да имате, да постигнете и да создадете сѐ што сакате во својот живот. Им покажал на претседатели на држави, членови на кралското семејство, на олимпијци и професионални спортисти, филмски ѕвезди и деца како се постигнуваат успеси.

Андријана плени со својата појава, од неа зрачи убавина и сексапил, зачинети со доволна доза на провокација која ја надополнува нејзината неодолива фигура. 



Неодамна згодната пејачка за Женски магазин откри интересни приказни за натпреварувањето, за креациите кои ги облече и за љубовниот живот.

„Андријана во „Ѕвездите на Град“ е борец кој има храброст и смелост да се носи со таа сцена, а приватно сум пак истата храбра девојка која сепак ја има најголемата врлина на карактерот, а тоа е скромноста и горда сум на себе поради тоа“, ни откри младата пејачка.

Дали е емотивно среќна и исполнета, дали е во врска, еве што ни откри Петрушовска.


- Среќна сум и благодарна за сè што имам. За својата среќа одлучувам само јас и партнер не ми треба за да бидам среќна или емотивно исполнета. Доволна сум си сама на себе, како и мојата фамилија и пријатели кои ми се огромна поддршка во сè што правам.


foto: Instagram