Била никој и ништо, а потоа добро се омажила: Која е сестрата на Георгина Родригез?

Вака живее Ивана Родригез (30), сестрата на Георгина Родригез, свршеницата на Кристијано Роналдо

Ивана Родригез е постарата сестра на Георгина Родригез, свршеницата на Кристијано Роналдо.

Георгина и Ивана се родени во Буенос Аирес, Аргентина, а пораснале во Јака, Шпанија. Дека се неразделни со години покажаа во документарецот на Георгина за „Нетфликс“ кога го посетија родниот град и зборуваа за своето детство.

View this post on Instagram

A post shared by (@ivana.rodriguez)


Сестрите немаа лесно детство. Иако се родени во луксуз, нивниот татко, кој и самиот бил фудбалер, преминал на другата страна на законот и многу брзо завршил зад решетки. Георгина и нејзината сестра пораснаа со роднини (кои брзо ги заборавија кога богато се „омажија“), особено откако нивната мајка загина во сообраќајна несреќа.

View this post on Instagram

A post shared by (@ivana.rodriguez)


Се имаа само една со друга, а како што самите изјавија биле многу блиски. По години и години на различни работни места, На Георгина ѝ паднала „лажицата во мед“ кога стапи во врска со Роналд, а првата работа што направи е со себе ја зеде својата постара сестра.

Ивана долго време беше асистентка на нејзината помала сестра, работеа заедно на проекти и ѝ помагаше со Инстаграм профилот.

View this post on Instagram

A post shared by  (@ivana.rodriguez)


Ивана се грижеше и за својата внука Алана, како и за останатите деца на Роналда, а со со нив одеше и на раскошни патувања и фудбалски натпревари.


Еден од нивните блиски пријатели изјавил дека единствената цел на Георгина била добро да ја „омажи“ нејзината сестра. На крајот успеала.

На крајот на 2018-та година се дозна дека Ивана е во врска со сликарот и скулптор Карлос Гарсија. Без сомнение, Карлос Гарсија е познат по тоа што, освен што е близок пријател на Кристијано Роналдо, е негов главен скулптор. Во 2018-та година тој беше задолжен за изработка на бистата на овој фудбалер што го краси меѓународниот аеродром во Мадеира (Португалија).

View this post on Instagram

A post shared by (@ivana.rodriguez)


Роден во 1978-ма година во Астуриас, Гарсија дипломирал ликовни уметности на Универзитетот во Саламанка. Во 2003-та и 2018-та година добил стипендија за уметничка продукција од Градскиот културен фонд Хихон.

Има и неколку дела од Гарсија кои го красат домот на Роналдо во Манчестер, откако претходно беа во Мадрид и Торино.

Наводно, благодарение на Кристијано, Карлос всушност ја запознал Ивана, сестрата на Георгина, а Георгина била „строник“ на нивната врска. Според изворот, тие се заљубиле на прв поглед.

Минатата година во јули, двојката се вери, откри португалската CMTV, а во ноември го добија своето прво дете, девојчето Дева.


Иако секогаш е во сенка на својата сестра, Ивана е посветена на светот на естетиката и убавината и се обидува да се пробие како инфлуенсерка. Таа на своите социјални мрежи често изненадува со менување на својот изглед, како што е скратување на косата, бојадисување во сина боја, а имаше и светло црвена кадрава коса.

„Ивана е убава девојка, но не внимава на килограмите“, велат луѓето за неа. И навистина, сестрата на Георгина Родригез со години се бореше со килограмите, за што зборуваше и на својот профил, каде денес ја следат над 750.000 луѓе.


Таа секојдневно споделува совети за исхрана и тренинзи и изгледа многу подиректно и поопуштено од нејзината сестра, која често ја опишуваат како „закочена и вообразена“.

Истиот извор откри дека Георгина секогаш имала само една цел - да се омажи. Имено, таа наводно добива 100 илјади долари месечно од Роналдо за сите детски трошоци. Интересно, и Ивана и Георгина се само свршени, но засега нема планови за свадба. Се чини дека ниту Карлос ниту Роналдо не сакаат да се венчаат. Барем не уште.


Извор: stil.kurir.rs