Богат Србин ја запроси Наташа Беквалац: Одговорот на пејачката ги насмеа сите

- Наташа почна да се смее и на свој начин му одговори 

Пејачката Наташа Баквалац неодамна се врати од Америка каде беше на голема турнеја, а колку е популарна на тој континент говори и податокот дека поп ѕвездата наводно добила предлог за брак.

Наводно, пејачката ја запросил бизнисмен кој поседува транспортна компанија по настапот во Чикаго.

- Наташа првпат настапува во Америка, билетите за сите настапи се распродадени во рекордно време, клубовите преполни, а сопствениците пресреќни од заработката. Живеат многу луѓе од просторот на поранешна Југославија кои се желни за локална музика, а Ната е позната по добриот глас, но и по одличната атмосфера што ја создава на своите настапи - рекол изворот, кој потоа открил како посилниот пол реагира на Беквалац.

Кога се врати во Србија на аеродромот „Никола Тесла“ ја пречекаа нејзините ќерки Хана и Катја, а пејачката во еден момент дури и заплака кога ги виде. Бидејќи повеќе од две недели беше на американската турнеја, средбата со ќерките беше многу трогателна. Пејачката прво долго ги гушкаше своите девојки, а потоа на Катја ѝ ги покажа подароците кои ѝ ги купила во Америка.


- Мажите полудеа по Наташа. Сите ѝ се додворуваат, на секој начин се обидуваат да стапат во контакт со неа и да ја запознаат. На настапите  праќаат пијачки за да ја импресионираат, но таа само учтиво се насмевнува и му вели на келнерот да се заблагодари, но дека не прифаќа пијалоци од гости. Еден господин беше толку воодушевен од неа што ја запроси - раскажува шокиран изворот, и откри кој е новиот додворувач на Беквалац.

- Зборуваме за Србин кој со децении живее во Чикаго, таму израснал. Тој е сопственик на транспортна компанија и поседува десетици камиони. Тој е исклучително богат и успешен во својот бизнис. Успеал да ѝ пријде на Наташа на еден настап и потоа ја замолил да се омажи за него - објасни соговорникот, а потоа открил како пејачката реагирала на предлогот за брак.

View this post on Instagram

A post shared by (@bekvalceva)


- Наташа почна да се смее и во нејзин стил му одговори дека ѝ е доста од бракови и дека нема намера повторно да се за*бе на истиот начин. Таа тоа го сфатила како шега и не придавала значење, иако тој подоцна им рекол на пријателите дека бил сериозен кога ја запросил - додава изворот за „Ало!“.

Извор: telegraf.rs