Болна исповед: Моите денови во харемот на саудискиот трговец на оружје

Станала дел од харемот, што значи дека морала да чека ред за да води љубов со мажот што го сака. „Една вечер дојде во мојата соба, носеше подарок“

Џил Дод во 80 - тите години беше успешен модел, а потоа го запозна 24 години постариот маж. По оваа средба, нејзиниот живот тргнал во друг правец. Живеела во неговиот харем, а сите детали од животот ги откри во книгата која ја претстави во New York Post.

„На 20 години потпишав договор со престижната модна агенција „Wilhelmina Models“. Започнав да добивам аранжмани во Франција, во Париз снимив едиторијал за „Vogue“. Бев млада, наивна и опиена со успехот кога во Кан го запознав малиот, проќелавен, полничок, но шармантен господин. Дури подоцна сфатив дека тоа е Аднан Кашоги, кој заработуваше милијарди со продажба на оружје“ - пишува Џил во контроверзната книга. Сѐ започнало кога Аднан ја поканил да танцуваат.

„Одеднаш го зграби столчето, замавна и го фрли во оган. Јас го сторив истото што и тој. Се смеевме. Потоа без никакво предупредување, ме зема за рака и на надлактицата со крвавиот прст ми напиша 'те сакам'“ - пишува поранешната манекенка. Утредента ја повикал Џил на својата 280 метри долга јахта на која се снимал еден од филмовите за агентот Џејмс Бонд.

„Кога стигнав на јахтата заедно со пријателкта, Аднан не одведе до огромниот плакар кој беше преполн со дизајнирана облека и можевме да бираме што сакаме. Разговаравме до пет часот наутро и јас се вљубив во него“ - напиша Џил. Со Аднан медиумите поврзуваа многу светски ѕвезди. Во негово друштво уживале Џон Колинс, Џеки Кенеди, Лиза Минели, Фара Фосит, а Синатра му бил најдобар пријател.

Џил од Аднан добивала скапоцени подароци, а потоа тој во 1980 година ја повикал во својата вила во Марбела. Очекувала дека таму ќе биде насамо со него, но ја дочекале други жени. Главна била Сабина, а куќата била полна со преубави млади жени. За некои од нив Џил не била сигурна ниту дали се полнолетни.

„Навечер одев на капење, Аднан ме гледаше и ми објасни како стојат работите. Рече: 'Сакам да бидеш една од моите љубовници. Според саудискиот закон, смеам да имам три законски сопруги и 11 љубовници. Сакам ти да бидеш една од нив. Ќе те бакнам тогаш кога ќе ја прифатиш мојата понуда.' Секако се согласив. Го сакав“ - напиша Џил.

Станала дел од харемот, што значи дека морала да чека ред за да води љубов со мажот што го сака. „Една вечер дојде во мојата соба, носеше подарок. Сѐ ми се сруши во моментот кога видов дека сфати дека влегол во погрешна соба. Само се заврте и замина.“ Џил полека почнала да разбира.

„Поради скапоцените работи кои ми ги даваше, се чувствувам како нешто да му должам“ - напиша Дод која оваа авантура ја прекинала во 1982 година. Вели дека не жали што била со него, но сепак, постојат денови кога и е срам. „Не е лесно да слушаш другите да те осудуваат и да те нарекуваат проститутка, а тоа не бев никогаш“ - заклучи поранешната љубовница на шеикот. Таа денес е во среќен брак и има три деца.