Буцкаста блогерка ја имитира Меган Маркл: Не треба да носите облека број 36 за добар стил

Она што ја издвојува Кети од другите фанови на кралското семејство е фактот дека таа не ја копира војвотката да се натпреварува со нив, туку нејзината поентата е во нешто сосема друго.

Ви се допаѓало Вам тоа или не, сè што носи Војвотката од Сасекс веднаш се распродава. Не е тајна дека фановите на Меган Маркл (38) очајно го следат секој нејзин чекор откако стана сопруга на британскиот принц Хари (35).

Таа всушност ја пресоздава „кралската“ облека.

Во морето со копии, мора да се признае дека еден обожавател на поранешната американска актерка се одликуваше со своите оригинални рекреации од најпознатите изданија на убава Војвотка - можеби затоа што таа е совршен пример за фактот дека не мора да носитеоблека број 36 за да имате добар изглед и стил.

Американската блогерка Кејти Старино (36) го лансираше блогот „The 12ish“, каде ги запознава покрупните жени со модата и модните трендови. Инаку таа најчесто наоѓа инспирација во креациите кои ги носела познатата Војвотка од Меган Маркл, но и од војвотката Кејт Мидлтон.

Доказ дека и покрупните жени можат да носат сè.

Според Кејти, таа едноставно облеката што ја носат слабите војвотки ја набавува во поголем број. Нејзина цел е да докаже дека аутфитите што ги носат двете војвотки се достапни и за жени со плус килограми. Оваа блогерка започнала да го копира стилот на Меган Маркл кога таа се свршила со принцот Хари.

Она што Кети ја издвојува од другите љубители на кралското семејство е фактот дека таа не ја копира војвотката за да се натпреварува со нив во однос на „подобро облечени“, туку единствено да ја слави женската убавина во сите големини. Ова е поентата што блогерката често ја истакнува во описите на нејзините фотографии.