Често се гледале, па се вљубиле: Интимната приказна на Сара и Димитар

Првата официјална средба на пејачката и авторка Сара Мејс и водителот и претприемач Димитар Атанасовски била во емисијата „Тротоар“. Сара била гостинка, а Димитар домаќин на шоуто. Почнале да излегуваат години подоцна, за време на емитувањето на лиценцираниот проект „Танц со ѕвездите“ каде и двајцата се натпреваруваа.

- Често се гледавме, па така почна да се развива љубов (се смее). Првиот бакнеж ни беше по завршувањето на емисијата посветена на англискиот валцер - ни откри Мејс.

Пејачката и водителот со необичен и уникатен танц го означија и стартот на нивната свадбена веселба, благодарение на искуството кое го стекнаа во шоуто.

- Димитар е „најдобар“ во повеќе категории. Мојата најголема инспирација, љубов и поддршка. Способен и разбран. Умен и убав. Вљубеник во природата и животните. Интересен и забавен. Независно како и да го поминуваме времето заедно, дали е тоа прошетка со куче, планинарење, возење со мотор, патување, гледање филм или табла на тераса, многу е лесно и прекрасно кога си вљубен во оној кој најмногу те смее“ - раскажа Сара во интервју за „Женски Магазин“.

Сара и Димитар лани првпат станаа родители, а ќерката ја крстија Илина.