Дали би ја препознале? Цеца Ражнатовиќ објави стара фотографија со родителите и ја воодушеви јавноста

Светлана Цеца Ражнатовиќ не крие колку е поврзана со родителите и сестра ѝ, па во тој дух ги воспитувала и своите деца.

Пејачката Цеца Ражнатовиќ отсекогаш истакнувала колку е важно нејзиното семејство во животот, особено нејзината сестра Лидија со која живее.

Нејзините родители и сестра не се медиумски личности и речиси никогаш не се во јавноста, но Цеца овој пат сподели стара семејна фотографија која предизвика бројни коментари.

Пејачката отсекогаш зборувала за важноста на нејзината сестра за семејството, а нејзините деца исто така никогаш не криеле колку се поврзани со тетка им Лидија и нејзините деца.

Имено, Цеца и Лидија на фотографијата се со своите родители, а многумина забележале дека е тешко да се препознае која е која, со оглед на тоа дека и двете тогаш биле бринети и многу си личеле.


Цеца Ражнатовиќ е една од најпопуларните пејачки на поранешните ЈУ простори, а од неодамна имаме можност да ја гледаме и во жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.


Фото: Инстаграм - Цеца

Фото насловна: Youtube - screenshoot - Grand Online