Дали може вака да изгледа 58-годишна жена? Кога ќе прочитате што сѐ прави за да биде ФИТ, нема да се чувствувате добро
Поранешниот топ модел
Ел Мекферсон има 58 години и тело на дваесетгодишна девојка. Сепак, нејзината
рутина ги објаснува стомачните и жешкото тело
Беа 80-тите и 90-тите години на минатиот век кога Ел Мекферсон жареше и палеше на модните сцени. Ја нарекоа „The body (Тело)“ - таа изгледаше спектакуларно.
Но, Ел не се откажа од својот убав изглед ниту кога наполни четириесет години, ниту кога го прослави педесеттиот роденден, а денес, на прагот на шеесеттата година, оваа дама изгледа СПЕКТАКУЛАРНО.
Тоа го покажа на Инстаграм каде објави видео на кое е само во танга гаќички и сив џемпер кој го откри нејзиното ТЕЛО.
Иако сигурно се движи кон седмата деценија од животот, иако помина низ две бремености - Ел има беспрекорно тело и сето тоа благодарение на внимателната грижа и постојаниот тренинг.
Таа пред се‘ се грижи за својата кожа освежувајќи го телото четири пати неделно со четка за суво четкање, но ги користи и најдобрите производи за нега на кожата кои чинат 1.400 долари на познатата докторка д-р Барбара Штрум, пишува Дејли Меил.
„Суво четкање на телото со четка поттикнува лимфна дренажа и ја стимулира циркулацијата на крвта, чистејќи го моето тело од токсини и обезбедувајќи прекрасен пилинг што ја остава мојата кожа мазна и мека“, објаснува Ел Мекферсон.
Ел сака сокови, природно цедени, па често оброците ги заменува со нив, особено пред црвениот тепих. Таа цел ден пие само сокови од овошје и зеленчук и на тој начин го чисти своето тело. Моделот го практикува овој овошен лек 3 пати неделно.
„Најдобриот третман за лице дома е она што го внесувате во вашето тело“, објаснува таа за придобивките од цедените сокови.
Ел во Харпар Базар во јануари 2019 година призна дека вежба секој ден во 6:30 часот.
„Понекогаш се занимавам со јога, понекогаш возам велосипед или одам на плажа да пливам. Ако сум на пат, задолжително со себе носам чевли за трчање или одам на долги, долги прошетки", објаснила таа за својата рутина за вежбање.
Фото и Видео: Инстаграм
Извор: стил курир