Дали пандемијата ја „убива“ празничната еуфорија?

Празнувањето за некои поединци може да биде релаксација и радост, а за други извор на стрес, нервоза и раздразливост, вели психологот Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центарот „Синтеза“ од Прилеп,  за празнувањето на Нова година и Божиќ во време на пандемија, нешто со што прв пат се соочуваме.

Таа вели дека дочекот на Нова година го гледа како индивидуален избор, и се надева дека оваа година тој ќе биде прилагоден на ограничувањата.

„Помеѓу луѓето во мојата средина повеќе забележувам насоченост кон домот и најблиските. Спокојот доаѓа од намалениот притисок дека треба да биде еуфорично, позитивно и да придонесе за промени кои не се случуваат преку ноќ“, рече Стојковиќ Трајкоска.

Таа објаснува дека пандемијата донесе многу промени во нашите животи, на професионален, личен и социјален план. Веќе неколку месеци луѓето се соочуваат со низа предизвици кои ги донесе новата состојба.

„Заканата од заразата со коронавирусот предизвика страв и неизвесност кој варира со различен интензитет кај различни поединци и влијае врз нивното живеење и психичко здравје. Состојбата на пандемија предизвика низа стресни реакции ( несоница, чувство на намалена сигурност, зголемена вознемиреност, анксиозност), здравствено ризични однесувања (зголемена употреба на цигари, алкохол, седативи, наркотици). Психолошкото влијание развива симптоми на пострауматски стрес, анксиозни и депресивни пореметувања. Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк