Дами и господа, еве ја модната победничка на Кан: Неприкосновена божица на гламур и добар фустан каков со месеци не сме виделе (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Во средата навечер, на осмата вечер на Канскиот фестивал, имавме можност да уживаме во премиерата на филмот „The Count of Monte Cristo“, а на црвениот тепих продефилираа бројни познати убавици. Но, една од нив ги фрли сите други во позадина! Манекенката Елса Хоск одржа одлична лекција за вистинска висока мода.


Елса Хоск се појави во стилот на стариот Холивуд, покажувајќи ни дека класиката во комбинација со малку драма мора да донесе одлични резултати. Ако има место за ваква креација, тогаш тоа е дефинитивно Канскиот фестивал, најпрестижната европска филмска манифестација.


Убавата Швеѓанка избра тоалета од американско-непалскиот дизајнер Прабал Гурунг, која навистина го одзема здивот, а иако е инспирирана од класиката, модернизирана е со помпезни детали.


Имено, тесен, црниот топ-фустан од кадифе е украсен со бел градник со текстура кој наликува на две рози, а има и огромен, многу долг шлепер кој се влечеше неколку метри зад самата манекенка.


Креацијата е раскошна и елегантна и ја истакнува женската сензуалност, а моделот на „Victoria Secret“ го комплетираше изданието само со дијамантско ланче. Црвениот кармин неверојатно добро се спои со целата модна приказна, внесувајќи глам шмек.


Дали ви се допаѓа нејзиното издание?


foto> instagram printscreen