Данијела Димитровска со роденденско изненадување за синот: Матеја наполни 9 години (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Познатиот српски водител Огњен Амиџиќ и манекенката Данијела Димитровска ги изненадија сите кога пред четири месеци објавија дека се разведуваат.

Иако важеа за многу хармоничен пар, разликите биле големи, па двојката реши да стави точка на десетгодишниот брак во кој го добија синот Матеја.

Токму денеска синот полни 9 години, а неговата горда мајка објави дека му направила роденденско изненадување, како и објави низа нивни заеднички фотографии со кои му посака сè најубаво на својот миленик.

Даниела пред извесен период за прв пат јавно проговори за разводот: 

„Јас и Огњен сме во коректен однос, всушност во нормален, тоа ни е важно поради здравиот развој и раст на нашето дете. Се слушаме апсолутно секој пат кога има нешто поврзано со Матија. Бараме да бидеме меѓусебна поддршка на овој нов пат. Ги надминуваме сите тешкотии.“