„Дел од моето семејство замина“: Ана Костадиновска за колегите кои ги загуби во пожарот во Кочани

Ана Костадиновска, вокалистката на бендот „ДНК“ е една од трите членови кои ја преживеаја трагедијата во Кочани.
Ана Костадиновска, Владимир Блажев Панчо и гитаристот Горан Тонев се единствените членови на бендот кои успеаја да го преживеат разорниот пожар во кој загинаа 59 лица во дискотека во Кочани.
Двајцата се во стабилна состојба и се на болничко лекување, додека Ана е пуштена на домашно лекување.
Членовите на нивниот бенд беа погребани денеска, а пејачката за прв пат проговори за овој грозоморен настан.
„Замина еден дел од моето друго семејство. Со нив мојата душа. Остана само пепел и празнина... А кој би помислил дека таа празнина може да боли толку многу“, напиша Ана и додала слика со колешката Сара Пројковска, која исто така денеска ќе биде погребана на гробиштата во Лисиче.