Солзи по загинатите во пожарот се ронат и на плоштадот во Скопје

Добивај вести на Viber

Силно светнало сонце. Но, црно сонце. Денеска е црно, најцрно. 

Се тагува за душите кои животите ги положија во дискотеката на смртта во Кочани кобниот 16 март.

Солзи има на сите страни. Се тагува. И ако. Треба да се исплаче оваа трагедија.

Тагува и главниот град. Луѓе со солзи во очите и грутки во грлата, тивко палат свеќи и се молат за настраданите кои денеска се погребани во вечните почивалишта.




ФОТО: Женски магазин / И.С.