Што значат изгореници во базичен смисол, како се третираат и каде: Проф.д-р Боро Џонов специјалист по пластична и реконструктивна хирургија

Изгореница е оштетување на ткивата под дејство на топлотен агенс. Кожата најмногу страда заради својата експонираност и е прв штит на човечкиот организам во однос на надворешните влијанија. Критична температура е 49°С. Оштетувањa настануваат и на темп. од 44°- 45°С ако времетраењето на контакт со топлотниот агенс е подолго, појаснува проф.д-р Боро Џонов специјалист по пластична и реконструктивна хирургија во Аџибадем Систина.
-Зависно од тоа од каков агенс е настаната изгореницата имаме: Термички изгореници, Електрични изгореници, Удар од гром, настанати со прекумерно изложување на UV – зраци, озон, космички зраци, радијациони изгореници, Хемиски изгореници, експлозивни изгореници. Интензитет на изгореница зависи од типот на ткивото - локалниот статус и дебелината на кожата, температурата и видот на термичкиот агенс и времетраењето на контактот со агенсот, другите заболувања кои ги имал пациентот пред повредата и возраста на пациентот. Според зафатеноста на дебелината на кожата со изгореница распознаваме 4 степени и тоа прв и втор степен како површни изгореници и трет и четврт степен како длабоки изгореници. Прв степен се најчесто изгореници од сонце. Втор степен најчесто од попарување со врела вода, кој се дели на втор плиток и втор длабок каде се јавуваат веќе пликови со различна големина и содржина ( бистри или со крвава содржина). Кај третиот степен има некрози по кожата, а кај четвртиот веќе и некрози на мускули зглобови и коски- вели проф.д-р Џонов.
- Изгоретинската болест која настанува кај по екстензивни изгореници се јавува во повеќе фази: прва на шокова состојба-акутна фаза – изгоретински шок – трае 4 до 5 дена, втора фаза на труење односно инотксикација односно фаза на интоксикација и токсемија – од 5 до 8 дена, трета фаза на инфекција и сепса – втората недела. Доколку пациентот ги преживее сите овие фази настанува фаза на рековалесценција и рехабилитација – од третата недела па до опоравување. При вдишување на гасови и изгореница на лигавицата на респираторниот систем се јавува ARDS со едем на горни дишни патишта, акутна респираторна инсуфициенција и труење со јаглерод-моноксид. Потанамошни процедури се администрација на 100% кислород и потреба од интубација со механичка вентилација – посочува докторот.
За лекување е многу важно да се процени процентот на изгорена површина и степенот на изгореница.
->15% од телесната површина кај возрасни и >10% од телесната површина кај деца и стари лица е екстензивна изгореница, а <15% од телесната површина кај возрасни и <10% од телесната површина кај деца и стари лица спаѓа во не-екстензивни изгореници. Проценка на изгореница се прави во 2 времиња – иницијален преглед и по 7 дена. Лесно изгорени пациенти, изгорени површини до 15% или длабоки изгореници на нефунционални места до 2%. Средно тешки изгорени пациенти, изгорени површини од 15% до 30% или длабоки изгореници на нефунционални места од 2% до 10%. Тешко изгорени пациенти, имаат изгорени површини од 30% до 50% или длабоки изгореници над 10% на функционални места, електрични изгореници, хемиски изгореници, циркумферетни изгореници, изгореници комбинирани со инхалација, траума или хронични болести. Смртоносно изгорени пациенти, сите изгореници над 50% (или 70%) потенцијално се летални појаснува докторот и дополнува кои се се препораки за лекување во центар за изгореници.
-Изгореници со делумен губиток на кожа поголем од 10% од TBSA, изгореници на лицето, шаките, стапалата, гениталиите, перинеумот или големите зглобови, пациенти со изгореници и конкомитантни повреди и траума, како фрактури, во кои изгореницата е посилен непосреден ризик за морбидитет или морталитет. Ако е фрактурата или друга траума посилен непосреден ризик за морталитет или морбидитет, тогаш пациентот иницијално се стабилизира во траума центар. Изгорени кај деца згрижени во болница со неквалифициран кадар за работа со деца. На прием во медицинска установа се прави првата проценка и тријажата при што лесните изгореници се третираат амбулантски а среднотешките и тешките изгореници се хоспитализираат.
- Се третираат хируршки и со терапија, постојат посебни протоколи за терапија која се дава интравенски. И тоа течности, антибиотици, лекови против коагулација на крвта, лекови за заштита на желудникот и.т.н. 3 дена после повредата треба да се почне со исхрана на овие пациенти. Од друга страна паралелно е потребно да се прави хируршки третман со обработка на раните и нивна заштита со редовни преврски. Како и кога ке настанат завршните фази да се почне со рекострукција, автологна трансплантација на кожа, обезбедување на услови за да имаат пациентите што помалку компликации од настанатата повреда. Најчести комппликации се од типот на кожни контрактури, хипертрофични лузни и хронични рани. Исто така важно е да се напомене дека лузните од изгореници се случува во мал процент и да малигнизираат и да се развијат кожни карциноми доколку не се третираат соодветно –заклучува докторот.
Соња Алексоска Неделковска