Денес ја погребавме мама, ја заразија доктори од Нефрологија: Нина разочарана од несовесниот персонал

На Фејсбук се шири потресен статус каде наша соѓраганка, Нина Стојановиќ, тврди дека нејзината мајка била заразена со вирусот ковид-19, кој за неа бил кобен, на Нефрологија, од лекари и сестри на одделот каде таа секој втор дел одела на дијализа за да преживее.

Фејсбук статусот на Нина Стојановиќ ви го пренесуваме во целост:

„Денеска ја погребавме мајка ми, почина од Ковид. Цела година ја пазевме, бидејќи е во најризичната група (20 години оди на дијализа бидејќи нема бубрези, пред 4 години преживеа рак, а пред 2 години имаше тешка операција на срце), внуците цела година си ги гледаше на Вибер. Знаевме дека допир со вирусов за неа е смртна пресуда.На крај ја заразија таму каде што одеше секој втор ден за да преживее, на дијализа. И немаше да пишувам статус да не ја заразеа сестри и доктори кои во време на пандемија решија да прават мекици во Баба Цана и да направат кластер на Нефрологија.Мене мајка ми нема никој да ми ја врати, ама сакав само да дадам ете еден мал придонес во истрагата. 
Пред да се зарази мајка ми читав дека ќе истражувале како се направил кластер, сега веќе не сум во тек што се случува и до каде е „истрагата“.
Знам дека никој нема да сноси последици како што никој за ништо не одговара во оваа држава, но морав да го напишам ова и да излезе од мене и конечно да ѝ кажам на мајка ми да почива во мир, сигурно е сега на поубаво место каде што веќе не ја боли ништо.“

Осум месечно бебе остана без татко поради доцна хоспитализација: 32-годишен скопјанец почина од коронавирус