Денес се празнува еден од Дванаесетте големи апостоли - Свети апостол Тома: Еве што да направите и од што ве штити

Денеска се празнува еден од Дванаесетте големи апостоли - Свети апостол Тома, кој беше единствениот апостол кој не го криеше сомнежот во Воскресението Христово. 

Додека настанот поврзан со „неверувањето“ на Тома се слави во недела по Велигден, денес 19. октомври е посветен на самиот апостол.

Свети Тома го ширел христијанството најпрво во Палестина, потоа во Персија и Индија, каде бил убиен со копја. Неговите мошти биле пренесени во градот Едеса во четвртиот век, а потоа во Цариград.

Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ 
И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20). 

По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешаа жрепките каде кој ќе оди на проповед, на Тома му падна жрепка да оди во Индија. Тој малку се нажали што мора да оди во толку далечен крај, но Господ му се јави и го охрабри.
Во Индија, свети Тома многумина, големци и сиромашни, ги обрати во верата Христова и ја заснова таму Црквата и постави свештеници и епископи. Меѓу останатите, Тома ги обрати кон Христа и две жени на двајца индиски кнезови, Тертијана и Мигдонија, коишто беа сестри. Овие сестри беа од своите мажи намачени заради верата, затоа што не сакаа да живеат со нив откако примија Крштение, а потоа мажите ги отпуштија. Откако се ослободија од бракот тие поживеаја богоугодно до смртта. Дионисиј и Пелагија, претходно беа вереници, но кога ја слушнаа апостолската проповед не влегоа во соживот, туку се посветија на подвиг. Пелагија заврши како маченичка за верата, а Дионисиј беше поставен од апостолот за епископ. Кнезот Муздиј, маж на Тертијана, кому што Тома му ги крсти жената и синот, го осуди апостолот на смрт и испрати петмина војници коишто го прободоа со пет копја. Така си ја предаде душата во рацете на Христа светиот апостол Тома. 

Пред својата смрт и тој, како и другите апостоли, беше чудесно пренесен на погребот на Пресвета Богородица. Но бидејќи пристигна доцна, горко зажали, па на негова молба го отворија гробот на Пресветата, но внатре не го најдоа Нејзиното тело. На таинствен начин Господ Ја беше зел Својата Мајка во Неговите небесни живеалишта. И така Свети Тома, којшто со своето неверување ја утврди верата во Христовото воскресение, во овој случај задоцнувајќи ни го откри чудесното прославување на Богородица.

Верувања

Според народното верување, Тома важел за вреден па затоа се смета за заштитник на многу занаетчии.

Како еснафска слава, Свети Тома го слават столари, копери, пожарникари, sидари.

Се верува дека Свети Тома, ако се налути, може еден ден да донесе уште еден потоп, но како што Пресвета Марија го надгледува, тоа нема да биде наскоро.

Свети Тома бил вешт столар, затоа никогаш не делел дрво на трупец, туку на камен. Откако ѓаволот ќе дојде во форма на убава и буцкава девојка, па тој почнува да го искушува. Свети Тома се загледа во неа, го удри каменот со сечилото и ја затапи секирата. Светителот многу се налути, предизвика силен дожд и веднаш го удави ѓаволот во кафеаната.

Во некои области се верува дека празникот штити од волци.

Некаде се верува дека скапоцена е лековитата маст од зајак фатен на Томинден, па затоа се чувала за да се излечи болка во коски и полесен пораѓај.