До кога селективноста ќе го „јаде“ македонското општество?
Иако политичарите тврдат дека пред Уставот и законите сите граѓани се еднакви, сепак во пракса има примери кои покажуваат дека тоа не е така.
За некого државата е мајка, а за некого маќеа. Селективност има при вработување, плаќање на даноци, изрекување на казни, но и во многу други сфери на општественото живеење. Граѓаните се огорчени затоа што земјава тапка во место, и ги оправдуваат младите кои се иселуваат за подобра иднина.
„Сѐ е лага, сѐ е измама. Нема никаква еднаквост, сѐ е со привилегии, вработувањата посебно. Многу луѓе без образование се вработуваат, па дури потоа земаат дипломи. Чесни луѓе многу ретко ќе сретнете. Немам доверба во никој и вака не верувам дека ќе нѐ примат во ЕУ, тоа нема да се случи“, рече Даница Илиевска, граѓанка.