„Добива 31 ботокс инјекција на секои 12 недели, поради оваа дијагноза“: Беше природна убавица на Холивуд, сега шокира со новото лице

Познатата холивудска актерка Ешли Џад, која веќе неколку години живее далеку од очите на јавноста, се појави на комеморацијата на Наоми Џад, нејзината мајка и позната кантри пејачка, која почина во април оваа година. Познатата 54-годишна жена одржа емотивен говор, а вниманието и покрај тажната прилика го привлече со своето лице кое беше видно изменето со естетски зафати. Познатата актерка и претходно се соочуваше со критики и навреди поради претерување со пластичните операции, а своевремено на прозивката се приклучи и нејзиниот колега Дин Кејн. 

„Не сум сигурен што да кажам овде. Но секако ништо позитивно, па ќе молчам", напиша тој со приложената фотографија на Ешли.



И овој пат не изостанаа негативните коментари, иако Џад во неколку наврати објаснуваше дека претераната употреба на ботокс следела поради нејзината здравствена дијагноза. 

„Што си направи оваа жена?“, „Главоболките не можат да бидат оправдување за ова“, „Дали вбризгувањето на хијалуронска киселина во јаготките е поради мигрена?“, „Убава Ешли, но ова сега ...“ , „Не личи на себе“, се само дел од злонамерните забелешки.

Да потсетиме, во февруари 2020 година, актерката објави отворено писмо во кое откри како се бори со неподносливите мигрени поради кои била принудена да престане да вежба, а како лек морала да пие ботокс. Нејзиниот вишок килограми дошол како последица на прекин на секаков облик на физичка активност, додека ботоксот бил дел од потребната терапија.

„Кога се разбудив дознав од моите пријатели дека мојот изглед е во тренд на Твитер. Се појавија мизогински дивјаци од двата пола, како и многумина кои наводно сочувствуваат и знаат што стои зад сето тоа. Она што јас го знам е дека имам мигрена повеќе од една година, како и дека таа погодува едно од четири домаќинства во Америка. Тоа е третото најчесто нарушување во светот. Сите ја имаме или познаваме некој што ја има. Сите ја губиме контролата врз телото во одредени ситуации, и тогаш ни треба разбирање. Ќе го имате од мене кога ќе ви затреба. Дали имав ботокс? Тоа е стандарден третман за болеста што ја имам. Моето осигурување ми исплаќа 31 инјекција на секои 12 недели“, напишала Ешли.



„Порано оваа година мојот невролог ми забрани се освен благи прошетки. Последната мигрена ми траеше четири и пол месеци, а заедно со лековите и инерцијата што ја носат со себе, имав и непријатно зголемување на телесната тежина. Дури неодамна добив лекарско одобрување да се вратам на вежбање. Добро беше да се вратам на трчање, јога и планинарење“, продолжи актерката со истиот тон.

„Она што не го знаете е дека сум посамоуверена од било кога. Секој ден се трудам да работам на тоа се повеќе и повеќе. Чувствувам мир во себе и тоа е најважно, а на сите им советувам да се посветат на повеќе важни работи за себе“, додаде славната госпоѓа во долгото јавно обраќање.

Да потсетиме, Џад еднаш призна дека три пати била жртва на силување, па дури и забременила со еден од напаѓачите, по што морала да абортира. Самата истакна дека животот не ја галел, а дополнително влијаел на нејзината физичка и психичка состојба.


фото: Инстаграм

Извор: zena.blic.rs