Др. Трајковски од Битола до министерот Филипче: 4 дена за резултати, неспособните сменете ги веднаш

Добивај вести на Viber

Доктор Боби Трајковски од Битола изреволтиран преку својот профил на Фејсбук му се обрати на министерот за здравство:

„Почитуван колега и Министер Венко. Четири дена чекавме резултати за лежечки пациент на интерно одделение, за сега во овие касни сати да разберам дека е позитивен за КОВИД-19???
Нема да се помирам и да ја прифатам оваа лакрдија.
Слободно казнувајте ме колку сакате, но неспособните да ги смените веднаш.
Таков гнев и револт чувтвувам што не се опишува.
Не ме исполнуваат аплаузи и немам потреба да си го хранам егото, барав да се водиме според правилата и да се заштитиме во секој поглед. Цел месец укажував дека не сме на ниво и еве дојде до тоа од коешто се плашев.
Потфрливме и за ова барам да се одговара.“

Во коментарите на кои докторот одговара, вели дека се уште чекаам да им кажат дали Интерното одделение во Битола ќе биде во карантин, бидејќи сите вработени биле на смени додека позитивниот пациент лежел таму.